|
Полицијата во Кисела Вода викендов приведе тројца малолетници од Скопје.
Тие биле затекнати при обид да извршат кражба од патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки.
Притоа, тие биле со мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки на кој превезувале предмети одземени на 29/30.06.2023 од други четири патнички возила, со што биле расчистени пет кривични дела „тешка кражба“, од кои едното во обид.
Во присуство на родители извршени се разговори со малолетниците кои го појасниле начинот на кој ги сториле кривичните дела.
Одземените предмети се вратени на сопствениците. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.