|
Малолетен мотоџија прегази 62-годишен пешак во Битола.
На 13.09.2023 во 22.22 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Генерал Васко Карангелевски“ и ул.„21“ во Битола, мопед „априлија“, управуван од 17-годишник од Битола, удрил во пешакот Н.М.(62) од Битола.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола, соопшти полицијата.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.