|
На 25.08.2023 околу 02.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, 16 годишник од Скопје, управувајќи мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
По несреќата возачот и 16 – годишната сопатничка од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што на возачот му биле констатирани телесни повреди, а на сопатничката и биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.