|
Антониа Гиговска овој период го поминува со своето синче Киан.
Мајката иако млада и неискусна, и тоа како свесно си ги брка работите, давајќи му ја сета мајчинска љубов и топлина на како што го нарече, малечкото „глувче“ заради кое вреди да се живее и животот има смисла и иднина.
Бебето како и секое бебе, најчесто спие, цица и „ги полни пелените“. Кога е буден тука е нежната мајчинска прегратка, толку нежна и слатка, што не може да ја замени ништо друго на светот. Но, тука е и тато, Антониа постираше една фотографија на своите Инстаграм приказни па објасни што точно прави тој.
На неа малечкиот Киан мирно спие, а до него, спие и таткото Роберт.