Манекенката Џиџи бесно порачува:“Не летувајте на Миконос“!

ИЗВОРСкопје24
|

Познатата 24-годишна манекенка Џиџи Хадид порачува дека никој не треба да оди да летува на грчкиот остров Миконос. Својата одлука ја донела откако со нејзината помлада сестра Бела биле ограбени во некоја луксузна вила.


Крадецот провалил во нивната вила и украл накит, гардероба, чанти и очила, кога сестрите биле на плажа, пренесуваат од “Бизнис Инсајдер“. Нивниот татко, Мохамед Хадид изјавил дека неговите ќерки многу се потресени поради кражбата.
-Џиџи ми се јави, постојано плаче, потресена е, сè ѝ е украдено. Куќата е обиена, работите ги нема, вели таткото на манекенката. Џиџи со Бела на Миконос отишле за да го прослават роденденот на постарата сестра Алана, а резервирале дури и приватен авион.

-Никогаш повеќе на тој Миконос. Таму ме ограбија. Никој да не оди на овој остров. Своите пари трошете ги во некое друго туристичко место, изјавила бесно Џиџи, а пораката је споделила со сите ФБ-пријатели. Инаку, Грција летово е често нападната од крадци, па со причина нивната полиција издава соопштенија туристите да бидат повнимателни, а своите пари и други вредности да ги оставаат во сефови.