Манекенката не е многу загрижена за разделбата: Фотографирана насмеана и расположена

ИЗВОРСкопје24
|

По пишувањето на медиумите за наводната разделба на актерот Бредли Купер и моделот Ирина Шајк, познатата манекенка била видена во еден козметички салон.

Изгледа дека не сакала раскинувањето на четиригодишната врска да и го уништи расположението, па решила да се посвети на себе и својата убавина.

Иако овие денови манекенката се нашла во центарот на јавноста поради љубовната приказна во која очигледно нема убав крај, Ирина како да не се грижи за тоа.

Имено, таа е фотографирана како ужива во еден од третманите во салон за разубавување, и тоа видно насмеана и весела, сокриена зад темните очила и со телефон во раката.

И додека Ирина се опуштала во салонот, Бредли бил виден во друштво на пријател, но во видно лошо расположение.

Потсетуваме, односот меѓу актерот и манекенката последните месеци бил многу лош, па парот одлучил да стави точка на заедничкиот живот, и тоа најмногу поради својата 2-годишна ќерка.

Кратко после веста дека Бредли и Ирина не се повеќе заедно, медиумите и социјалните мрежи биле преплавени од информацијата дека актерот кончено ќе се најде во прегратката на Лејди Гага, со која игра во филмот “Ѕвездата е родена“.