Луѓето лажат поради различни причини, а само на некои тоа им е многу поприродно отколку да ја кажат вистината. Ова се знаците на кои баш и не е пожелно да им верувате.
Уште „не отвориле уста“, а веќе излажале. Бидете внимателни кога разговарате со луѓето во овие хороскопски знаци и сè што ќе дознаете од нив, земете го со резерва.
Шкорпија
Луѓето родени во овој знак се „доктори по лага“. Шкорпиите се вистински професионалци кога треба нешто да се сокрие и да се “замаскира“ со добра лага, а често и ја забораваат правата вистина.
Близнаци
Нивната лага може да парира со Шкорпиите, но на Близнаците сите лесно им простуваат, бидејќи воглавно се многу симпатични.
Риби
Овој знак често делува нежно, повлечено и на прв поглед симпатично, но ова е само една нивна манипулативна тактика. Додека трепнете овој знак ќе ве измами.
Вага
Тие се шармантни и одлични манипулатори, баш поради тоа и шират лаги во кои никој нема да се посомнева. Лажат за да бидат подобри од што биле, за да ве воодушеват или за да го добијат она што го посакуваат.