Маричиќ ја пречека Брнабиќ на скопскиот аеродром

|

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на скопскиот аеродром ја пречека српската премиерка Ана Брнабиќ, која денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.

Вицепремиерот Маричиќ и посака добредојде и изрази големо задоволство од нејзината средба, посочувајќи дека посетата на премиерката Брнабиќ, во време на предизвиците со кои се соочува Европа и регионот, ќе ја искористат да разговараат на темите поврзани со напредокот во евроинтеграциите на двете пријателски земји, меѓусебната соработка и околу подготовките и активностите на Самитот на „Отворен Балкан“.

Брнабиќ прво ќе оствари работна средба со премиерот Димитар Ковачевски, на која присутен ќе биде и вицепремиерот Маричиќ.

Брнабиќ заедно со Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на самитот што го организира „Македонија 2025″.