Марија Шерифовиќ (34) и Џејла Рамовиќ (17), победничката во минатата сезона на „Sвездите на Гранд“, поминуваат многу време заедно, па така и жешките летни денови ги поминаа на иста дестинација – Шпанија.
Шерифовиќ еден момент сподели со следбениците на Инстаграм, снимајќи ја Џејла како спие на лежалка.
Бидејќи „ѓаволот не и давал мир“, Марија со шише вода ја натопи Џејла за да ја разбуди, а Рамовиќ беше шокирана, па скокна и почна да ја брка Марија во одмазда.
Видеото погледнете го ТУКА.
„Сите неработници! Зајакот се налути“, напиша Марија, а освен тоа и прати порака и на мајката на Џејла дека нејзината ќерка нема да настине.
Имено, Џејла никогаш не се облекува провокативно, туку се облекува прилагодено на своите години.
Овој пат таа на „Инстаграм“ објави фотографија на која е облечена во едноставен бел фустан, па предизвика лавина од коментари.
„Најубава си“, „Наша принцеза“, „Наша Џенифер Лопез“ се само некои од коментарите под објавата.
Мора да признеме дека младата пејачка изгледа неверојатно, а нејзиниот шарм и харизма може да се примети дури и само од една фотографија, па не е ни чудо што за толку кратко време ги освои симпатиите на сите од регионот и за прв пат по 14 години успеа како девојка да победи во популарното шоу.