Марија Шерифовиќ во последно време е во центарот на јавноста по својата хумана работа и помагањето на повеќе помалку среќни луѓе од неа. Таа сега му најде работа на Мустафа Хрустиќ, музичарот кој живееше и спиеше на улица.
Пејачката пред извесно време најпрво му најде дом ѝ му ги плати ќиријата и сметките за една година, а сега му помогна и со тоа што му најде работа. Имено, со градоначалникот на Зеница, се договорија Мустафа да поправа базени.
Мустафа рече дека е презадоволен и дека животот конечно му се променил на подобро.
„Работам сè. Кога има гужва има повеќе работа. Презадоволен сум и не ми е досадно. Среќен сум и убаво ми е. Не размислувам дали и колку ќе заработам. Знам дека ќе добијам плата за месецот“, рече Мустафа.
За потсетување, тој на седум години ги загубил родителите, а луѓето кои се грижеле за него рече дека го принудувале да работи и заработува за нив.