Марија Шерифовиќ за Велигден ќе направи нешто што досега го нема направено во својот живот

ИЗВОРСкопје24
|

Марија Шерифовиќ, Велигденските празници ќе ги помине во Белград во кругот на семејството.
Шерифовиќ откри дека прв пат за Велигден ќе вапцува јајца.

„Велигден ќе го поминам во Белград. Ќе вапцувам јајца, прв пат ќе го направам тоа лично. Да видам како се вапцаат јајца, и ќе ги декорирам, се како треба“ вели пејачката.

Таа истакна дека ќе подготви и храна, но дека нејзината мајка најмногу време ќе помине во кујната.

Како Марија ќе се снајде во улогата на домаќинка останува да видиме.

Пред извесно време пејачката гостуваше во емисијата „Амџи шоу“, а неколку пати успеа да го изненади водителот со своите констатации.

Имено, Шерифовиќ важи за некој кој нема влакна на јазикот и секогаш кажува она што го мисли. Така во емисијата беше брутално искрена.

На прашањето на Огнен кога ќе стане мајка, таа одговори.

„Сакаш утре?“ одговори Марија во свој стил.

„Па утре не можеме да ораганизираме“ одговори водителот.

„Замисли мое и твое дете, Исусе“ истакна Шерифовиќ, па почна да се смее.

Шерифовиќ истакна дека ќе полуди доколку нејзинито дете има голем нос.

„Не сум свршена, не сум трудна, не планирам да се реализирам како мајка ни оваа ни следната година. Јас ќе полудам ако детето има голем нос, што ќе ми е. Повеќе сакам да имам син, еден мал Шерифовиќ. Имам и некое име во план, ама не морам се’ да ти кажам“ вели Шерифовиќ.

Таа до сега не зборувала многу за својот приватен ниту љубовен живот, па затоа многумина се изненадија од изјавата од пред некое време дека сѐ посериозно размислува да стане мајка.

– Сметам дека тоа е најголемата животна победа. Морам да признаам дека на самата помисла да се реализирам како родител особено се радувам – раскажува Шерифовиќ.

Иако во нашиот регион ова прашање сеуште е табу тема но српската пејачка не го исклучува и посвојувањето како опција, но на таков чекор, како што вели, сѐ уште не е подготвена.

– Тоа е највозвишеното нешто кое еден човек може да го направи. Им се восхитувам на луѓето кои се подготвени на тоа – искрена е Марија.