Пејачката Марија Шерифовиќ ги загрижи своите фанови со нова фотографија на Инстаграм.
Имено, Марија објави фотографија на која држи маска за кислород додека лежи во темна просторија.
– Ух- напишала накратко Шерифовиќ, додека нејзините следбеници на споменатата мрежа се прашувале што не е во ред со неа.
Да потсетиме, Марија Шерифовиќ неодамна се најде во центарот на внимание за нарушување на јавниот ред и мир кога среде ноќ го запрела својот автомобил на улица и викала на непозната девојка.
Шерифовиќ призна дека тоа се случило и дека таа е онаа на видеото кое кружи на интернет.
– Иако никого не треба да засега, добив некои приватни лоши информации. Единствената личност на која треба да му се извинам е мојот автомобил и ако разбудив некого – изјавила пејачката.