Марјан Коцев во Австралија и на Срби и Бугари им ги пее своите македонски песни!

ИЗВОРСкопје24
|

Фолк пејачот Марјан Коцев е на австралиска турнеја, Таму е заминат пред новогодишните празници и од таму праќа убави вести за успесите кои го следат кај македонските иселеници. Но, на неговите концерти често му доаѓаат и Срби и Бугари кои се искрено вљубени во македонскиот фолк, а кои од своите пријатели Македонци слушнале за Марјан како многу добар пејач.

Го обожаваат неговиот голем хит “Ти, само ти”. Со тоа задоволството на Марјан е дупло поголемо. За новогодишната ноќ тој пееше во Перт, а уште го чекат над дваесетина концерти.

– Имам доста работа, многу пот пролеав. Не се откажувам, чекорам напред со позитивно средени мисли, вели Коцев за Вечер.

Инаку Марјан осум години е во брак со својата сопруга Билјана со која во октомври минатата година го доби и своето второ дете, синот Данило.