Марко се ожени за 20 години помлада Албанка: Одел 3 пати во Албанија барал жена за брак

ИЗВОРСкопје24
|

Марко Милутиновиќ од село Дрежник кај Ужице со години барал жена за брак, но кога годините го стигнале, а немало жени на видик, решил да се ожени со Албанка.

Се распрашувал подолго време, одел неколку пати до Скадар, но сите таму барале по 3-4.000 евра за да му донесат невеста.

Тогаш по помош на снаа, која имала роднински врски во Албанија за запознал 23-годишната Мањола. Иако речиси две децении е помлада од него, младата Албанка е веќе четири години во брак со Марко и имаат 3-годишна ќерка Сара, а наскоро ќе добијат и син. А како Марко отишол во Скадар, какви обичаи има таму, што се младоженецот морал да исполни за да ја „купи“ невестата и зошто на невеста и се купува златен ланец, прстен и костум, раскажува Марко:

-Одев неколку пати во Скадар, гледав девојки, ниту една не ме привлекуваше па ме прашуваа каква жена барам. Јас не барав жена за забава, туку за брак. Имав 46 години кога ја запознав Мањола, но жената која преведуваше на албански рече дека имам 36. За среќа изгледам помладо, па ми поверуваат во тоа.

-Мањола дури по 3 месеци кога наголемо живеевме заедно во мојот пасош виде дека сум роден ’66, а не ’76. Па тогаш и се јави на мајка си и и рече: Па тој има 46 години, може татко да ми биде, раскажува низ насмевка Марко за почетокот на животот со Албанката.

– Меѓутоа Мањола тоа брзо го надмина, годините не се важни некој ако добро се сложува. За три месеци научи српски, убаво се вклопи, добра е со луѓето во село и многу сум задоволен, вели Марко од Ужице.

Тој додава дека кога луѓето слушнале дека се оженил за Албанка рекле: па добро зошто токму Албанка, и многу го озборувале, но после се тоа се смирило. Во селата има главно постари луѓе, а оние мажи кои останале неоженети, тешко наоѓаат жени кои ќе живеат на село. За Албанка тешко се одлучуваат прво поради националноста, а второ поради парите што му ги даваат на оној кој ќе му најде жена.

-Во Албанија се оди 2-3 пати, првпат кога се запознавате. Ако си се допаднете, тогаш го закажувате следниот состанок. При вториот состанок, одите во нејзината куќа на каде, под шољата оставате 50 евра, таков е албанскиот обичај, а тие го зема мајката на идната сопруга.

-Потоа со неа одиш во град, а доаѓа и мајката и преведувач. На невестата и купуваш костум, златен ланец и прстен ( и тоа е исто нивен обичај“, а подоцна доаѓате дома на ручек, и после тоа може да одите, вели Марко за обичаите кај Албанците.