Транзитот на Марс во Јарец може да предизвика промени во бизнис плановите, во односот кон авторитетите и постарите лица, но ќе нè научи и да бидеме потрпеливи, практични и дисциплинирани. Сите овие особини ќе ни помогнат да го оствариме она што сме го замислиле. Негативните последици на овој транзит можат да се изразат преку недовербата, сомнежот, песимизмот и занемарувањето на туѓите потреби.
Марс во Јарец до 6 март – Дојде моментот да ги оствариме нашите цели!
Сега е време јасно да ги дефинираме нашите цели и да се запрашаме што претставува успехот за нас. Планетата Марс која ги симболизира нашите постапки, енергија и начинот на кој ги реализираме нашите идеи, влезе во знакот Јарец на 24 јануари и ќе остане во тој знак сè до 6 март.
Постои голема можност да стигнеме до целта само доколку прибегнеме кон дисциплина и истрајност при реализација на зацртаните планови. Ова ќе ни овозможи подобро да се спознаеме себеси и да ја пронајдеме сопствената внатрешна сила. Од друга страна, овој процес ќе ни помогне да не се откажуваме кога се работи за нешто што ни е важно, и покрај сите пречки на кои ќе наидеме.
Покрај другото, овој период ќе имаме можност и да решиме некои стари проблеми, да се ослободиме од одредени стравови и ограничувања поради кои не можевме да го постигнеме она што го сакаме. Времето ќе покаже колку сме силни и дека не треба да брзаме туку да одиме чекор по чекор и да бидеме трпеливи.
Одговорноста, доследноста и подготвеноста да се движиме и покрај препреките, ќе нè однесе многу подалеку отколку што можеме да замислиме. Доволно е нашите цели да бидат реални и остварливи.
Прашањата што можеме да си го поставиме, а кои ќе ни помогнат подобро да ги дефинираме нашите цели се следните: Во што сме добри? Дали сме свесни дека ние сме водачи на сопствениот живот или сè уште ни треба потврда од некој друг?