Астролозите ни откриваат дека од 25 мај Марс влегува во знакот Овен. Тоа ќе придонесе за активен, енергичен период кој ќе трае сè до 5 јуни. Под влијанието на Марс, во овој период ќе можеме да го започнеме она што ни е важно, да ги наполниме нашите „батерии“ и да тргнеме во акција.
Периодот кога се чувствувавме мрзеливи и уморни е зад нас. Сега ќе имаме план како и во која насока да се движиме. Секој од нас копнее за нови искуства, ни требаат промени и сакаме да бидеме попродуктивни.
Во овој период ќе бидеме полни со самодоверба и решителност. Храброста ќе ни ги даде очекуваните резултати само доколку ризикуваме на паметен начин. Време е одново да ја преземеме контролата врз нашите животи.
Најважно од сè е да одиме чекор по чекор кон целта која одамна си ја поставивме. Затоа, неопходни се волјата и храброста.
Освен тоа, во овој период и Венера ќе транзитира низ знакот Бик што значи дека можеме да си ја пробаме и среќата во љубовта.
Извор: sensa.mondo.rs