На 6 март нè очекува важен астролошки феномен – воинствената планета Марс ќе влезе во знакот Водолија и во тој знак ќе остане сè до 15 април 2022 година. Марс припаѓа на елементот оган, а Водолијата пак, припаѓа на елементот воздух. Интеракцијата на овие два елемента придонесува за свесно дејствување и креирање стратешки план за постигнување цели.
Енергијата што ја носи Марс ќе ни помогне полесно да ги манифестираме нашите желби. Во тој поглед, Марс во знакот Водолија ќе ни помогне да се концентрираме на нашите задачи, да станеме порешителни и независни и да ги браниме нашите ставови и позиции.
Водолијата, од друга страна, е фиксен знак на Зодијакот, кој ја ограничува агресивноста и импулсивноста на Марс. Тоа значи дека во овој период логиката и разумот ќе надвладеат над физичката сила. За време на транзитот на Марс во Водолија можеме да очекуваме дека луѓето ќе работат заеднички за позитивни промени.
Важно е да се напомене и дека Марс ќе настапи во тензичен однос со владетелот на Водолија – Уран, а тоа ќе нè поттикне да направиме радикални промени кои може да вклучуваат и животни планови.
Сатурн е вториот владетел на Водолијата, па така од 6 до 15 март конструктивно ќе ја насочува енергијата на Марс. Со оглед на тоа дека Марс и Уран ќе бидат во тензични односи, Сатурн ќе ги спречи можните конфликти.
Не се исклучува можноста дека транзитот на Марс во Водолија ќе донесе прекумерни емоционални реакции и прекумерна ментална исцрпеност. Марс во Водолија може да ве поттикне да правите нешто што не е карактеристично за вас и да се однесувате поинаку од вообичаеното. Едно е сигурно: во март и првата половина на април ќе се случат големи животни промени. Можеби ќе сакате да оставите сè зад себе и да започнете од почеток. Можни се и неочекувани решенија за старите проблеми. Астролозите ви гарантираат дека веќе ништо нема да биде исто како порано!