Март им носи пари на Близнаците, Лавот и Јарецот: Очекувајте среќа во кариерата и финансиите

ИЗВОРСкопје24
|

Три хороскопски знаци во март ќе имаат големи можности што се однесува до парите и работата и задолжително треба да ги искористат.
Еве за кои три хороскопски знаци пристигаат убави вести:

Близнаци – Веќе од 1 март Близнаците ќе добијат налет на креативност така што сите оние кои се занимаваат со работа во врска со естетика, уживање но и професии поврзани со децата, ќе имаат доста успех до 5 март. Од 6 до 18 март следат добри аспекти на полето на финасиите. Близнаците тогаш може да договорат некои тајни соработки или постигнат голем успех во се што е поврзано со вложување, кредити и се што е поврзано со финансиите.

Исто така во овој период Близнаците ќе враќаат некакви долгови или ќе ги намират сите обврски кои досега ги одложувале. Овој период би требало да го искористите така што ќе бидете колку е можно повеќе дисциплинирани со парите, па дури и да започнете со некакви мерки на штедење. Околу 24март ќе се чувствувате многу подобро и ослободени од товар, па парите самите ќе ви доаѓаат. Најдобра заработка ќе биде од трговија и професии поврзани со комуникација и транспорт, но и преку онлајн работа.

Лав – Веќе на почетокот на месецот повеќето Лавови ќе добијат ненадеен прилив на пари, но и можност за голема заработка преку ризични вложувања. Под влијание на полната месечина од вашето астролошко поле на договори и преговори веќе на почетокот на месецот ќе прифатите соработка која ќе ви ја понуди една Вага или Скорпија.

Од 6 до 19 март следат одлични аспекти на полето на кариера и овие совршени аспекти би требало да ги искористите за да зајакнете некои работни темели, воспоставите одлична соработка со личностите од авторитет, но и да заработите повеќе пари од тоа што го сакате. Можно е дека ќе ви се јават некои нови идеи, па и можност за ширење на бизнисот во текот на тој период. Од 24 март финансиската ситуација ќе биде одлична за вас, особено на Лавовите на високи положби или на оние кои се занимаваат со луксуз или јавна работа.

Јарец – Повеќето Јарци, месецот март го пречекуваат доста зафатени под влијание на полната месечина од нивното поле на кариерата. Оваа полна месечина може да донесе и напредување, но и некој вид на зголемување на плата и доста позитивен одговор со надредените доколку ги имате.

По 5 март ќе имате зголемена креативност и одлични идеи кои може да ви донесат проширување на работата, особено на Јарците кои се занимаваат со професии поврзани со забава. Од 7 до 19 можни се важни за напредување во кариерата. Работите поврзани со недвижности, но и решавање на станбеното прашање исто така може да ги окупираат Јарците во текот намарт.