Мартин и Стефан од Некст Тајм на прием кај претседателот Иванов

ИЗВОРСкопје24
|

Претседателот Ѓорге Иванов денеска оствари средба со музичкото дуо “Некст Тајм” кои пред 3 дена ги собраа сите симпатии за преработката на песната “Нешто ќе те питам бабо”.

Средбата била на задоволство на двете страни, со оглед на тоа што информираа и претседателот и момците од Некст тајм.

Gepostet von ЃОРГЕ ИВАНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА am Freitag, 29. März 2019

„Огромна чест е што денеска имавме можност да бидеме гости кај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и да зборуваме на многу теми. Свесни дека не секој и секогаш има можност да седне на иста маса со него, така што веруваме дека овој момент ќе остане вечно во нашите сеќавања“, напишаа “Некст Тајм” на својата Фејсбук фан страна.

Инаку, преработката на народната песна „Нешто ќе те питам бабо“ за само 24 часа е прегледан од околу 300.000 луѓе што е апсолутен рекорд за македонски видео спот, а според платформата „youtube“ видеото е на место број еден од трендинг листата во Македонија.

Во интервју за Точка „Некст тајм“ ги откриваат локациите каде што е снимен спотот за нивната најнова преработка.

Спотот почна да се снима од јануари, февруари, имавме потешкотии со локациите затоа што е зима и работите не се баш така достапни. Цирипашина на Шар планина не е така едноставно да ја качиш во лето, не па во зима. Да донесеш 15 души екипа на врв на планина каде што времето е -30 речиси и дува ветер со 90 км на час.

Другите делови се снимаа во изградена просторија наменски за потребите на овој видео запис. Отворените сцени близу Свети Николе.

Ако се уште не сте ја виделе и чуле песната еве го линкот до видеото: