Мартин Филиповски од дуетот „Некст тајм“ денеска има огромна причина за славење.
Тој и неговата поубава половина – ракометарката Андреа Белеска слават пет години од нивната љубовна врска.
Познатиот музичар објави фотографија на Инстаграм профилот на која тој позира заедно со Андреа, а првите честитки на фотографијата дојдоа од неговиот брат Стефан.
Инаку, љубовниот живот на пејачот на братското дуо „Некст тајм“, Стефан Филиповски, деновиве е актуелен во домашните медиуми, откако естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ откри дека тој наводно е во врска со манекенката Маја Ристеска.
По оваа шпекулација, Стефан и Маја не се огласија со демант или потврда, а приказната остана само на претпоставки дека тие се новата позната македонска двојка.
Неколку дена подоцна, Стефан како да сакаше да ги подгрее ваквите информации или дискретно преку социјалните мрежи да потврди дека помеѓу него и Маја навистина се родила љубов.
Имено, тој на својот Инстаграм „стори“ објави фотографија во домашен амбиент со фокус во ТВ приментикот на кој во моментот се емитува спот во кој Маја има улога.