Мартин Вучиќ: Тамара, дали си свесна каков стандард постави?

ИЗВОРСкопје24
|

Претставникот на „Евровизија 2005“, денес директор на Националниот aнсамбл за народни игри и песни на Македонија, „Танец“, уште еднаш јавно ја поддржа својата колешка Тамара Тодевска.

Доцна синоќа по прогласувањето на победникот, Мартин Вучиќ ѝ порача:

– Тамара, дали си свесна каков стандард постави??? Жално е што немаме барем уште една – две од твој ранг (да не бидам погрешно сфатен имаме пејачки надежни, како на пример оние исто така одлични вокали кои не се гледаа а допринесона за добра боја кои допрва ќе се докажуваат) па да се надеваме дека на некој друг ќе му се посреќи ова што за малку на тебе ти избега…Направи таков резултат (по мене во догледно време недостижен) што од следната година пак ќе бидеме среќни ако влегуваме барем во финале…
Б Р А В О за цел тим, сите сме #PROUD.

Нејзината сестра, горда на нејзиниот успех на својот Фејсбук профил напиша дека „Тамара е нејзината прва светлост и ова што таа го направи е најголемиот успех“ :

-Љубов моја, ти си мојата прва светлост, ти си мојот херој! Ова што ти го направи на Евровизија е најголем успех некогаш! Многу те сакам! Горда сум до небото и назад, напиша Тијана.

Ljubavi moja, ti si moja prva svetlost, ti si mojot heroj! Ova sto ti go napravi na #esc2019 e najgolem uspeh ever!…

Gepostet von Tijana Dapcevic am Samstag, 18. Mai 2019

Знаеме и дека актерот Тони Михајловски е пријател на Тамара Тодевска, па така и тој не ја испушти приликата да се огласи по повод нејзиниот настап на Евровизија и на својот фејсбул профил напиша:

„Талентот е неспорен и огромен, и само идиот може да го негира. Се радувам на успехот на секој уметник, човек, а посебно на оние кои лично ги познавам. Па дури и ако не припаѓаме на ист народ, како што е во случајов.“

Талентот е неспорен и огромен, и само идиот може да го негира. Се радувам на успехот на секој уметник, човек, а посебно…

Gepostet von Toni Sanac Mihajlovski am Sonntag, 19. Mai 2019