Поранешната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, манекенката Мартина Михајловска, денеска на свет донесе ќерка. Девојчето ќе го носи името Алана.
Среќната вест на социјалните мрежи ја објави сопругот на манекенката, охридскиот бизнисмен Виктор Илоски. Двојката која е во брак од минатото лето, вешто ја криеше бременоста на Мартина.