Илон Маск, извршниот директор на Tesla, SpaceX и најбогатиот човек на светот, минатата година имаше близнаци со извршниот директор на една од неговите компании Neuralink, пишува Business Insider.
Наводно, Илон Маск минатата година тајно добил близнаци со Шивон Зилис, која работи како проект менаџер во неговата компанија Neuralink.
Близнаците се родени во ноември, објави Business Insider.
Маск и Зилис неодамна поднесоа барање за близнаците да го носат неговото и нејзиното презиме.
Судот во Тексас го одобри барањето во мај, а нивните имиња се уште не се познати.
Тие се родени само неколку недели пред Маск и неговата поранешна девојка Грајмс да ја дочекаат ќерката Екса Дарк Сидерел. Заедно го имаат и синот, X Æ A-Xii.
Маск има уште пет деца од бракот со Џастин Вилсон: Грифин, Вивијан Џена, Каи, Саксон и Демијан.
Зилис е вработена во компанија која се надева дека ќе развие компјутерски чип за човечкиот мозок, според документите до кои дојде Business Insider.
Зилис работи и за Tesla и Neuralink од 2017 година. Во моментов работи како директор за операции и специјални проекти во Neuralink. Пред да му се придружи на Маск, Зилис работеше во Bloomberg Ventures и IBM.