Маслото од Србија никако да пристигне

ИЗВОРТелма
|

Маслото од Србија никако да пристигне. Иако се најавува веќе неколку дена, извоз се уште нема. Но, министерот Николовски уверува дека првите количини се испорачани денеска- од утре се очекува да се најде на рафтовите во маркетите.

И од Царина потврдија дека заклучно со вчерашниот ден увоз на зејтин од Србија немало.

За нерафинираното масло пак за кое домашните производители веќе имаат склучено договори , забраната за извоз се уште е на сила. Не се знае ниту кога Србија ќе дозволи да се испорачува.

Во меѓувреме додека се чека маслото од Србија, граѓаните и натаму се жалат дека освен што е скап, зејтинот се потешко можат да го најдат.

Договорот е Србија да испорача околу два милиони литри зејтин. Според проценките овие количини ќе бидат доволни да се покријат потребите за само еден месец.

Ирена Чачкова