Масовни вработувања, за десетина дена распишани огласи за над 300 административци

ИЗВОРТелма
|

Триесетина државни институции вработуваат над 300 административци. Долг е списокот на министерства, владини агенции, дирекции и тела кои од пред нова година до денеска објавиле огласи за вработување, со плати од околу 15 илјади денари до 35 илјади денари.
За издвојување е платата што ја нуди Фондот за осигурување на депозити од околу 44 илјади денари за Советник за инвестициона политика и ИСО стандарди. Најмногу ќе се вработат на патарините, 84 службеници на определено време до крајот на 2019. Министерство за транспорт и врски вработува 40 државни службеници, МНР огласило 27 работни места, Катастарот 18, министерство за одбрана 12.Владината служба за општи и заендички работи бараат 30-тина работници од благајници, возачи, автомеханичари копиранти до келенри шанкери, готвачи и кафекувари. Дел од огласите се наменети за рамковни вработувања, па се потенцира дека според годишниот план се наменети за Албанци, Роми, Срби или Турци.

Овие огласи според премиерот Заев се пополнување на испразнети места и посочи дека сега за разлика од порано администрацијата е помалку бројна од порано.
Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и почетокот на оваа годна. Тоа се работни места испразнети во втората половина од 2017 година, а сега се пополнуваат и тоа само дел од нив. Со вработувањата нема нови зафаќања од буџетот и не е предвиденио ништо освен најавените зголемувања од пет проценти, а некаде и 10 во некои институции, посочи премиерот.
По најавите за вработување на заменици директори во над 100 јавни претпријатија, ова е ново полнење на администрацијата на товар на буџетот, сметаат експертите. Професорот Борче Давитковски оценува дека огласите се спротивни на најавите на министерот за информатичко општество пред нова година, дека ќе се прави фунционална анализа за вишокот вработени да се прераспределат во јавна администрација или во приватен сектор и дека нема да има ниту отпуштања, но ниту нови вработувања.
Голем дел од овие огласи се објавени помеѓу празници и неработни денови и е оставен рок од по неколу дена за пријавување. Давитковски оценува дека на овој начин се изигруваат законските одредби.
Но експертите коментираат и зошто во период кога се најавува електронска наплата на сите патарини наместо да се намалува, се зголемува бројот на инкасанти. Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Китанов не одговори на телефонските повици на Телма.
Елена Ивановска Мукоска