Второто полугодие и наставата официјално стартуваше. Најмалите се вратија во училишните клупи а другите пред своите компјутери каде следат он лајн настава. Меѓутоа не сите. Дел од маутрантите со бојкот на наставата откако министерството за образование одби да го намали бројот на предмети за матурскиот испит.
Од Сојузот на средношколците соопштија дека првиот ден на бојкотот бил успешен, во него учествувале матуранти од 20 града низ дражава, очекуваат бројката на матуранти да се зголеми и најавуваат дека ќе трае неделава а потоа е можно и да излезат на протест. Како компромис нудат веднаш да се повлече интерниот испит а потоа да продолжат разговорите со министерството.
Министерката Царовска на ставот дека оваа училишна година четири предмети ќе се полагаат на државната матура бидејќи нема време, простор и потреба за законски измени. За наредната можни се измени и за тоа ќе почне да се разговара наредбата недела во рамки на работна група во која учествуваат и средношколците. Револт на мали и изолирани групи е оценката на министерката за бојкотот на матурантите.
Како поткрепа на ставот Царовска соопшти дека 14 илјади средношколци се пријавиле за маутра, но Ходаи, кој исто така го пријавил испитот, вели дека бројката се должи на фактот што рокот истекол заклучно со крајот на минатата година.
Во рамките на консултациите околу реформите во образовниот процес министерката денеска имаше средба со наставници од неколку општини. Таа вели дека на овие средби добива поддршка, појасни дека станува збор за сукцесивен процес и повтори дека ниту еден наставник или професор нема да го загуби работното место. Дебата со претсавниците од високот образование допрва ќе следи.
Според последните официјални информации од МОН, со реформите првично ќе бидат опфатени учениците од шрво и четврот одделение, а не шесто како што се најавуваше, а целиот процес на импелемтирање би траел до шест години.
Огнен Чанчаревиќ