Матурантот Орданчо имаше желба да го запознае Ѓоко Јовиќ – средбата е единствена

ИЗВОРСкопје24
|

Не се миленици кај публиката само пејачите од соседството, и се повеќе нашите пејачи освојуваат фанови ширум балканот а доказ за тоа е и оваа несекојдневна случка која ќе ви измами солзи на очите.

Се работи за Орданчо кој сега матурираше и славеше со своите соученици и професори.

Се работи за скромно дете чија насмевка ќе ве освои веднаш, а желбите кои ги има ќе ве натераат да подразмислите каде всушност спие вистинската среќа.

Имено, омилен пејач на Орданчо му е Ѓоко Јовиќ, а омилена негова песна е хитот кој освои и растопи многу срца уште пред да ја дочека официјално светлоста на денот со промоцијата, „За Велигден“.

Во еден момент, додека се снимаше емисијата „Вип на еден ден“ со Орданчо, Ѓоко изненадно и без најава му пријде на матурантот и веднаш му ја запеа омилената песна, а при тоа се изгушкаа и поздравија, па продолжија со убав и искрен муабет.

-Кога ме поканивте да гостувам во вашата емисија и да му ја остварам желбата на Орданчо јас прво што направив е што му се заблагодарив на Бог за тоа што уште постојат вакви искрени и спонтани емисии кои носат среќа. Јас ова не го направив за популарност или поени, ова го направив единствено од срце и душа бидејќи ги сакам сите подеднавко, истакна Ѓоко.

Колку чинеа желбите и колку беше среќен Орданчо дознајте откако ќе го погледнете емотивното видео: