Ја тужел компанијата затоа што работата му била здодевна: Сега треба да му платат отштета од 40.000 евра

|

Еден човек од Париз ја тужел компанијата во која работел бидејќи работата му била здодевна, па се чувствувал како да не заработил плата.

Сега компанијата треба да му плати 40.000 евра бидејќи судот пресудил во негова корист.

Во 2014 година, Фредерик Деснар се врати на работа за францускиот производител на луксузни парфеми Interparfums по седум месеци боледување. Според зборовите на неговиот адвокат, тој бил на боледување поради епилептичен на пад што го доживеал додека возел, што резултирало со несреќа која го оставила во кома неколку дена, пишува магазинот „Феникс“.

Иако бил вреден работник, по враќањето од болест, компанијата наводно целосно го запоставила. Своето време го трошеше правејќи „работа за претседателот“ на Interparfums. Работел од 20 до 40 минути дневно и никому не му било важно дали ќе се појави на време, четири години, пренесува Вечерњи лист.

“Немав повеќе енергија за ништо. Се чувствував виновен и засрамен што не заработував плата, а ја добивав. Имав впечаток дека сум невидлив во компанијата”, рекол Фредерик Деснар пред судот.

Виктор Билбо, адвокатот на Деснар, рече дека постои поврзаност помеѓу работата и влошувањето на неговото здравје. Адвокатите на компанијата во своја одбрана бранеа дека Деснар никогаш не кажал ништо за тоа дека му е досадно.

Во 2020 година Деснар поднесе тужба до судот за работни односи и бара отштета од 360.000 евра. Иако компанијата тврдеше дека Деснар никогаш не се пожалил, судот се согласи дека „занемарувањето е форма на воз немирување“, а пресудата беше потврдена од Апелациониот суд во Париз на крајот на 2020 година.