|
Скопјанец бил приведен по пријава дека со стаклен предмет физички ја нападнал својата партнерка.
Министерството за внатрешни работи информираше дека на подрачјето на Центар полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Т.В.(49) од Скопје поради тоа што на 28.06. на подрачјето на Драчево физички ја нападнал неговата 51 годишна партнерка, а исто така употребил и стаклен предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.