|
На 17.07.2023 во 13.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево, кај с.Кладник, Г.С.(58) од Кичево, управувајќи патничко возило „лада самара“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
На местото на несреќата возачот починал, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.