Го прогонувате веќе со месеци, а тој воопшто не ви обрнува внимание? Дали знаете што е во хороскоп?
Ова прашање на почетокот можеби звучи глупаво, но токму тука „лежи зајакот“, бидејќи постои еден хороскопски знак поради кој мажот може да има такви карактеристики.
Станува збор за Стрелците. Тие најчесто одбираат агресивни жени. Еден од славните претставници на овој знак е Брет Пит, кој успешно ги игнорира своите неколку милиони додворувачки.
Стрелецот всушност се возбудува на секоја која бега од него. Ако почувствува дека некоја девојка воопшто не го забележува ниту му се додворува, дури тогаш полудува од страст. Сега кога веќе го знаете ова, знаете и како најлесно да го заведете – со методата на трпеливо игнорирање.
Но дури и кога првпат ќе ви пријде, немојте да му давате до знаење дека ви се допаѓа. Почекајте тоа да се повтори барем уште еднаш или двапати и дури тогаш излезете на состанок или прошетка со него. Тогаш веќе ќе можете да бидете сигурни дека е ваш! Нормално, ако и понатаму го сакате тоа…