Гризли мечката Џимбо била само мало мече кога од стапица во дивината ја спасиле Сузан и Џим Ковалчик и ја однеле во својот резерват за диви животни.
Денес, Џимбо има скоро 700 килограми и е најголемата мечка во својата група. Но, исто така и најмилата. Тој обожава да си игра со Џим, а најмногу од се ги сака прегратките.
„Понекогаш мислам дека ќе ми ги здроби сите коски во телото. Секако не поради лоша намера, туку зошто е огромен. Еден негов погрешен потег би можел да го платам со живот“, вели Џим Ковалчик, но додава дека нема намера да се откаже од своето милениче.