Весна Талевска е медицинска сестра која се бори со кан цер. Таа јавно, преку социјалните мрежи бара помош за да може да замине на третман во Турција со кој ќе и биде спасен животот. Нејзиниот апел го пренесуваме во целост.
Другари знам дека можете сите да ми помогнете да си го спасам живот.
До сега помагав на сите а сега сте ми ПОТРЕБНИ како никогаш до сега. Медицинска сестра сум на хирургија која до сега сум помогнала на многумина сега ми е потребна вашата ПОМОШ!
Пред 3 год кога е дијагностициран кан церот на свој трошок заминав за Загреб и се беше супер до пред 2 месеци, за жал се појавува повторно на обвивката на белите дробови и затоа сте ми потребни овој пат.
Спасот за мене е во Турција, за да можам да заминам за Турција ми се потребни 15.000 евра.
Телефонските броеви за донации се отворени
Телеком 143 104, А1 143 475
И жиро сметката на Весна 210501604744187