Дејвид Бенет, 57 годишен занаетчија од американската сојузна држава Мериленд стана првиот човек на кого му било трансплантирано срце од генетски модифицирана свиња. Три дена по експерименталната седум часовна операција Бенет се чувствува добро, иако лекарите сѐ уште не можат со сигурност да кажат какви му се долгорочните шанси за преживување.
„НЕ МУ ПРЕДВИДУВАМЕ ЛОШ ИСХОД. ИМАВМЕ ШАНСА, МОЖЕБИ, ДА ПОГОДИМЕ. ТОЈ САМИОТ РЕЧЕ „САКАМ ДА ЖИВЕАМ И АКО НЕ ПРЕЖИВЕАМ, ЌЕ НАУЧИТЕ НЕШТО“. БИ САКАЛ ДА ЗНАЕМЕ ПОВЕЌЕ, НО СЕКОЈ ДЕН УЧИМЕ МНОГУ ОД ОВОЈ ГОСПОДИН. И ЗА СЕГА СРЕЌНИ СМЕ СО ОДЛУКАТА ДА ЈА НАПРАВИМЕ И ТОЈ СЕ ЧУВСТВУВА ДОБРО. ШИРОКА НАСМЕВКА НА НЕГОВОТО ЛИЦЕ ДЕНЕСКА.“ – ВЕЛИ Д-Р БАРТЛИ ГРИФИТ ОД МЕДИЦИНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ОД МЕРИЛЕНД.
Поради неговата лоша здравствена состојба Бенет не можел да добие човечко срце од донор, па научниците од медицинскиот универзитет на Мериленд добиле специјална дозвола од американските здравствени регулатори за да ја извршат процедурата. За медицинскиот тим кој ја изврши операција, процедурата претставува кулуминација на децении истражувања и нејзиниот резултат може да промени милиони животи ширум светот.
„МИСЛАМ ДЕКА Е ЗНАЧАЈНО ЗАТОА ШТО НЕ ПОСТОИ ИЗВОР НА ЧОВЕЧКИ ОРГАНИ ВО ДОВОЛЕН БРОЈ ДА ОДГОВОРИ НА ПОБАРУВАЧКАТА, И НЕ САМО ПОБАРУВАЧКА, ТУКУ И НА ИТНАТА ПОБАРУВАЧКА. И ПОСТОЈАТ ЛУЃЕ КОИ ПОРАДИ НЕДОСТАТОКОТ НА ЧОВЕЧКИ СРЦА И НЕГОВАТА РЕЛАТИВНА ВРЕДНОСТ, КОИ ЕДНОСТАВНО НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО ТРАНСПЛАНТАЦИИТЕ ПОРАДИ ВОЗРАСТ ИЛИ ДРУГИ ПРИЧИНИ.“ – ДОДАДЕ ГРИФИТ.
Научниците со децении ја разгледуваат можноста за употреба на животински органи за да се задоволи потребата на трансплантации. Во октомври минатата година тим хирурзи од Њујорк успешно изврши трансплантација на свински бубрег во човечко тело, но во тој случај пациентот беше со констатирана мозочна смрт, без шанси за опоравување.
„ОТСЕКОГАШ ВЕЛАМ ДЕКА ЗЕНОТРАНСПЛАНТАЦИАЈТА Е ИДНИНАТА И СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕ. ОВА БЕШЕ ЦИТИРАНО МНОГУ ПАТИ. БИ САКАЛ ДА КАЖАМ ДЕКА ЗЕНОТРАНСПЛАНТАЦИЈАТА ВЕЌЕ Е СЕГАШНОСТ.“ – ВЕЛИ Д-Р МУХАМЕД МОХИДИН ОД МЕДИЦИНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ОД МЕРИЛЕНД.
Свињата која го донирала срцето била генетски модифицирана за да се неутрализираат неколку гени поради кои телото на Бенет би го отфрлило органот. Лекарите велат дека револуционерната операцијата беше успешна, но допрва треба да се види што тоа ќе значи за пациентот и дали ќе успее да продолжи со животот.
Игор Трајков