Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска присуствувал на состанок на стручниот колегиум на Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) на кој се разговарало за воспоставениот систем на работа на Клиниката, начинот на контрола на терапијата, соодветна и навремена терапија за секој пациент, како и за механизмите за елеминирање на какви било злоупотреби со терапиите.
– Клиниката за онкологија нов начин на работа има воведено од ноември лани, каде конзилиум од 12 раководителите на оддели ги разгледуваат историите на пациентите на кои им е индицирана аппликација на биолошка терапија и заеднички се одлучува дали има основa пациентот да прима одредена терапија.
На овој начин е исклучена можноста за евентуални злоупотреби односно поединечно носење одлуки за биолошката терапија.
За аплицирање на назначената терапија, постои уредна евиденција во амбулантниот дневник коі се води во дневната болница.
На Клиниката се води и електронска евиденција за контрола на секој лек кој влегува на Онкологија.
Во електронската евиденција на УКРО за секој лек постои ,,картица на артикл” кој ги содржи следните податоци: име и презиме на пациент, број на евидентиран преглед, датум на преглед, датум на апликација на лек, количина на лек, соопшти Министерството за здравство.
Министерот на состанокот упатил апел за максимална посветеност на лекарите кон пациентите, со оглед на случувањата поврзани со Онкологија кои иако се случувале во минатото, сепак е оправдана грижата на пациентите и нивните семејства.
Лекарите на состанокот побарале да бидат заштитени од генерализирање на одговорност и од јавниот линч, бидејќи професионално и посветено работат, што е показател за многу излекувани пациенти и спасени животи.
По средбата со стручниот колегиум министерот Меџити на Клиниката остварил средба со повеќе пациенти со кои разговарал дека не треба да се сомневаат во квалитетот на терапијата и професионалноста на лекарите на Онкологија, информираат од Министерството за здравтсво.