Меган Маркл: Вистинската причина зошто кралицата не присуствуваше на крштевањето на внукот Арчи

|

Минатата година, церемонијата на крштевање на синот на Меган и принцот Хари минатата година имаше едно многу забележително отсуство, а новата книга тврди дека кралското семејство не ја објасни вистинската причина за тоа.

Арчи Харисон Монтбатен Виндзор беше крстен во приватна капела во замокот Виндзор на 6 јули 2019 година. Кралското бебе имаше само два месеци кога беше крштевено, опкружено со високи членови на семејството.

Но, кралицата Елизабета Втора, неговата прабаба не присуствуваше.
Официјалната причина дадена од Кралското семејство е дека таа имала обврска кои биле претходно договорени.

Нејзиното Височество исто така отсуствуваше на церемонијата за крштевање на принцот Луис во Кралската капела во палатата Сент Џејмс во 2018 година.
Како и да е, според новата книга, штом кралицата не се појавила на важен настан за нејзиниот внук, значи дека имало проблем.

Новата книга Royals at War теоретизира дека крштевањето се случило по години напнатост меѓу кралицата и принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.

„Ројалс во војна“ сугерира дека кралицата со своето отсуства сакала да каже индериктно дека има некаков проблем.

Во книгата, новинарите Дилан Хауард и Енди Тилет напишаа: „Очигледно, кралицата и принцот Филип останаа настрана“.

„Тие едноставно се чувствуваа јавно засрамени од контролирачкото однесување на Меган, рече добро поставениот инсајдер во Палатата“.

Меган и кралицата веќе подолго време предизвикуваа интерес во јавноста и тој се засили откако војвотката поднесе тужба за приватност против новинската компанија „Дејли Меил“. Во правните документи, Меган тврди дека таа останала „недефинирана од институцијата“ на Кралското семејство додека била бремена со Арчи. Таа исто така тврди дека “било забрането да се брани од негативни и лажни вести во текот на нејзиниот живот“.

Покрај тоа што се откажаа од кралските права, оваа година на Хари и Меган им се одзема можноста да го користат зборот „кралски“.

Предвидено е да биде објавена уште една книга околу парот, „Пронаоѓање на слобода: Хари и Меган и правење модерно кралско семејство“. Писателите Омид Скоби и Керолин Дуранд се верува дека прикажуваат многу попозитивна слика за кралската двојка во новиот наслов.

Од нивното преселување во Лос Анџелес, парот остана активен и работи теми во кои веруваат дека се важни. Една од темите е расизмот.

Неодамна, Хари и Меган се придружија на видео повик до „Кралицата на Комонвелтот“ за да разговараат за прашањата што произлегуваат од материјата на темата расизам.