Меѓународниот ден на Младите со неформална дружба ќе го прослави овој ден

ИЗВОРСкопје24
|

По повод Меѓународниот ден на Младите, Младинскиот совет на Aмбасадата на САД во Северна Македонија организира неформална дружба да ги прослави младите.

Настанот ќе се оддржи во Понеделник, 12ти Август, во Котур со почеток од 18:00 часот. Влезот е слободен и отворен кон секого.Dj Дино ќе се погрижи за добрата музика, а Котур за вкусните освежителни пијалоци.

Најголемиот потенцијал и моќ се наоѓа во младите, во нивните идеи и во начинот на кој го гледаат светот. Младите во нашата држава секој ден ги остваруваат тие идеи и тој потенцијал, храбро се соочуваат со препреките и се поддржуваат едни со други, и тоа е она што советот сака да го прослави. Идејата која сака да се искомуницира преку овој настан е вмрежување на на повеќе млади и младински организации со цел поголема поддржка и соработка во нашата заедница.

Советот би сакал да ги покани сите кои сакаат да ги прослават младите и она што им е важно на младите да земат се придружат на овој разговор и оваа дружба. Настанот крие доста интесрени изненадувања за добар летен провод.

Овој фестивал е поддржан од Амбасада на С.А.Д. Република Северна Македонија.