Мека како пена, а се прави за миг: Полнета пита со сирење

|

Неверојатно мека, а се прави за миг!

Оваа солена пита се превиткува во облик на коверт, а во неа можете да додадете и виршли, мелено месо, сирење или смесата која најмногу одговара на вашиот вкус.

СОСТОЈКИ: 4 готови кори, 250 гр сирење, магдонос, 2 јајца, 2 лажици млеко, 2 лажици кисело млеко, 1 чаша масло, 1 жолчка и сусам.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во чинија измешајте јајца, млеко, кисело млеко и масло. Раширете една кора и премачкајте ја со оваа мешавина. На неа ставете друга кора и премачкајте ја. Свиткајте по две спротивни страни и премачкајте со смеса од јајца и масло. На средина кон секој од четирите агли ставајте фил од сирење, а потоа аглите превиткајте ги за да добиете облик на коверт. Редете ги ковертите во намастена тепсија, премачкајте со жолчка и посипете со сусам. Печете во загреана рерна на 180 степени додека убаво не поруменат.