Домашно подготвената пица е одличен викенд ручек, а најдоброто од сѐ е што на неа можете да ставите што вие најмногу сакате.
Еве како да направите тесто за пица, кое не треба да го месите.
Потребни состојки: -500 грама брашно -450 мл јогурт -2 јајца -1 кесичка прашок за печиво -1 кесичка сода бикарбона -Малку сол
Начин на подготовка: Прво изматете ги јајцата, а потоа додадете ги и останатите состојки. Матете со миксер за да добиете тесто малку погусто отколку за правење палачинки. На тавата во којашто ќе ја печете пицата ставете малку брашно и масло, пред да го поставите тестото. За да го распоредите тестото на тавата, развлекaувајте го со лажица претходно потопена со врела вода. Наредете ги омилените состојки одозгора и печете додека тестото не ја добие посакуваната боја.