Сакате домашни кифлички кои можете да ги јадете за доручек или пак наместо леб како додаток со било кое јадење во текот на денот? Веруваме дека нема човек кој на ова прашање ќе одговори со не, но сепак не секоја жена може да се каже дека е спретна за да исучи тесто или пак има доволно време во текот на денот за нивна подготовка.
Доколку сте еден од нив, кога немате многу време, припремете го ова прекрасно меко јогурт пециво кое е едноставно и многу брзо се прави. Нема квасец и нема чекање тестото да нарасне – се пече веднаш.
Потребни состојки: 100 мл. млака вода, 180 гр. јогурт, 650 гр. брашно тип 400, 100 мл. млако млеко, 1 јајце, 1 и пол лажичка шеќер, 60 мл. масло за јадење, 1 лажичка сол, 1 ќесичка прашок за пециво и 1 лажичка путер, стопен на собна температура.
За премачкување, изматете една жолчка со една лажичка млеко.