Минатата недела во 21 часот се одржа првата гала вечер на „Мел Фест талент шоуто: Ѕвезда број 1, кое се емитува на “1 ТВ”, а жирито одлучи 11 натреварувачи да поминат во следниот круг.
Кристијан Маркоски, Александра Дрогришка, Славица Ангелова, Сабина Мустафче. Зоран Милорадовски, Сара Гигова, Наталија Нешковиќ, Анлега Илиева, Емилија Трајкоска, Нино Наумовски и Елени Аврамовска, се кандидатите кои ќе се борат за албум и стан во Скопје.
Жаре Бербер и Нина Деан ја имаа улогата на водители за време на галата, додека кандидатите ги оценуваше жири комисијата составена од Елена Петреска, Александар Масевски, Сергеј Варошлија и новинарката Валентина Тодоровска – Вања, додека продукциското жири беше составено од Пеце Стојкоски, директор на „Мел Фест“ и Бане Поповиќ.
– Првата гала вечер помина убаво. Музичката борба веќе започна, а ние ги добивме и првите полуфиналисти. Сакам да изразам благодарност до сите кои го поддржуваат овој нов музички проект на фестивалот „Мел Фест“ и очекувајте до самиот крај уште многу изненадувања, вели Пеце Стојкоски.
Оваа недела очекувајте ја втората гала вечер во 21 часот.