|
Првата дама секогаш е беспрекорно стилизирана, а со своите појавувања предизвикува големо внимание. Со својот стајлинг овој пат успеа да гишокира сите.
Продолжувајќи ја традицијата која се негува уште од 1960 година, Меланија и нејзиниот сопруг присуствуваа на преземањето на елката која ќе ја украси Белата куќа.
За оваа прилика избра аутфит во црна боја и чизми со висока потпетица.
Она што привлече најмногу внимание е нејзиниот капут со цветен принт.
Без дилема ова е многу атрактивен модел, но она што речиси сите го коментираа е неговата цена. За оваа креација, првата дама издвоила дури 3000 долари.