Некогашната македонска ТВ водителка Мелита Ракичевиќ, откако ја отвори душата и јавно проговори за сите афери, озборувања, збиднувања… и сето она што и се случуваше последниве години откако не е на ТВ екраните, замина на пат, на егзотична дестинација – Дубаи!
И тоа не на недела-две, туку периодов таа ужив во убавините на ова светско чудо среде пустина, но и во убавините на животот. Оттаму постојано постира фотографии од различни локации и ситуации… Скапи хотели и ресторани, ноќни клубови и дискотеки, но се чини една локација и е омилена.
Во прашање е еден од најпознатите ланци на ресторани во кои се подготвуваат разни специјалитети, особено оние од месо и стекови поднебјето на Блискиот Исток, Турција, ориентот… Токму во познатиот „Нусрр Ет – Дубаи“, Мелита е чест гостин, кај еден од најпознатите готвачи, прочуениот Нусрет.
Видеотот погледнете го ТУКА.
Овој пат за неа специјално, еден од неговите стек специјалитети на жар, проследен со гастрономски перформанс на сечење и сервирање специјално за Мелита. И се’ си е потаман освен едно нешто, кое се наметнува како прашање? Кој тоа го плаќа? Самата Мелита или…?
Имено, за оние што не знаат, престојот сам по себе во Дубаи е скап, а особено цените во луксузните ресторани како што е омилениот „стекхаус“ на Мелита. Колку за пример, еден таков стек чини ни помалку ни повеќе, околу 1100 – 1250 емиратски дирхами, што во превод би значело од 300 до 340 американски долари!
Вкусно, ама и солено, зарем не?
Е сега, според едни теории и написи во некои македонски портали се тврди дека на фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи поранешната водителка позира сама, но пред повеќе од еден месец во интервју за „Бекстејџ“ откри дека поранешниот дечко Виктор живее во Дубаи, па од тука се наметнува прашањето дали зад објективот стои токму тој или Мелита е навистина сама на патувањето?
Ама, нели во истото тоа интервју таа рече дека заедно со бившото момче „банкротирале“, што значи дека и да е така, ниту тој, ниту таа немаат повеќе пари за расфрлање?!
Тогаш останува некоја трета варијанта… Блиски извори тврдат дека таа таму претстојува кај една своја пријателка, некогашна македонска манекенка и модел, Драгана Спасовска, која живее и работи во Дубаи.
Со неа Мелита има и неколку заеднички фотографии оттаму.
Како и да е, Мелита отсекогаш знаела да се снајде. Впрочем, на светот се’ уште има џентлмени со длабок џеб кои ги платат луксузниот живот и скапата забава, за да бидат во убаво друштво! Особено во Дубаи!
Впрочем, кога Мелита ќе се врати, ќе има простор за нови прашања, изјави, разговори и нови интервјуа!
Извор: Вистина.мк