Летото е во полн ек, па така поголемиот број на јавни личности го искористија времето и отпатуваа во некоја од луксузните или егзотични летни дестинации каде ги полнат батериите за новата работна сезона која ни следи од септември.
Една од нив е и Мелита Ракиќевиќ која на плажа на Миконос позираше во жолто бикини, со чаша „Моет“ во рацете, а во прв план ги истакна своите атрибути.
Мелита е само една од македонките кај кои високите температури придонесоа да се раскомотат во минијатурно бикини и да ја разбудат машката фантазија, но и да ги покажат облините со кои располаагаат.
И познатата манекенка и старлета Александра Накова деновиве ги почести фановите со неколку возбудливи фотографии од плажа на која позира како од мајка родена. Нејзините Инстаграм следбеници беа воодушевени од овој гест, па преку коментари и порачаа дека изгледа совршено.
Инаку, Накова во моментов е на заслужен одмор во соседна Грција, а во чие друштво одмара и кој стои зад фото објективот додека таа позира се уште е енигма, со оглед на тоа дека откако се разведе, својот приватен живот го крие како змија нозете и не открива дали има партнер.
Александра е и мајка на малата Леа со која живеат во Ѓевгелија.