Мелита Ракичевиќ периодов ужива на заслужен одмор во Дубаи. На фотографиите кои што ги објавува на социјалните мрежи поранешната водителка позира сама, но пред повеќе од еден месец во интервју за „Бекстејџ“ откри дека поранешниот дечко Виктор живее во Дубаи, па од тука се наметнува прашањето дали зад објективот стои токму тој или Мелита е сама на патување.
Инаку, Мелита и Виктор неколкупати до сега раскинуваа и повторно ја обновуваа романсата, а водителката неодамна откри дека токму тој бил љубовта на нејзиниот живот и истакна оти е горда што на овие години имала можност да доживее нешто толку големо, емотивно и филмско.
„Јас сум среќна што на овие мои години успеав да доживеам таква љубов. Јас сакам филмски работи, а нашата љубовна приказна беше баш таква. Голем дел од медиумите пласираа невистини за нашиот однос, па дури одеа дотаму и пишуваа дека ме оставил затоа што сум му ги потрошила сите пари. Тоа е лага, заедно потрошивме сè, пропадна и мојот бизнис исто како и неговиот затоа што многу се занесовме и бевме 24/7 посветени еден на друг, а се друго ставивме во втор план“, изјави поранешната водителка пред неколку недели во телевизиско гостување.
Таа исто така проговори и за својот поранешен сопруг, за тоа во какви односи се сега и како го поминала разводот и периодот кои и следел.
„Секој развод е тежок, но кога веќе нема љубов и емоции најдобро е да стави крај на бракот и да се продолжи напред. Со Соме останавме пријатели и до ден денес си помагаме и се поддржуваме и функционираме супер“, откри Мелита.