Менаџерот на Лукас тврди дека РТС ги саботира на изборот на песна за Евровизија

ИЗВОРНов Лист
|

Аца Лукас на прес-конференцијата заедно со неговиот менаџер и продуцент Саша Мирковиќ упатија обвинувања кон РТС. Двајцата тврдеа дека РТС барала пари од учесниците на фестивалот за да учествуваат на самиот натпревар и дека од самиот почеток јавно ги саботирале.

Пејачот Аца Лукас одржа прес-конференција пред настапот на фестивалот „Песна за Евровизија 22“, каде планира да се претстави со песната „Оскар“. Но, вели дека се уште не знае дали ќе се натпреварува, а тврди и дека РТС, која е организатор на споменатиот фестивал, не му ги исполнила барањата.

Во своето излагање тој и неговиот менаџер ја критикуваа програмата на РТС и уредникот на таа програма поради пијаното што не може да биде на сцената, а кое тие го сакаат. Тврдат и дека РТС се обидела да им наплати на изведувачите за пробите.

„Не ми е јасно дека таква продукција не е способна да крене еден клавир од 500 килограми, што е концертна ставка. Ако се е проѕирно до крај, ќе видите што ќе правиме“, додаде тој.