Менаџерот на Шабан Шаулиќ откри кога пејачот го напишал тестаментот

ИЗВОРСкопје24
|

Ѕвонко Грујиќ, менаџерот на Шабан Шаулиќ откри дека сопругата на пејачот ги вратила парите кои пејачот ги земал за настапите до 2021 година и не била должна на никој.

Шабан имал голема доверба во него што дури му кажал и кога го пишувал тестаментот.

„Тој во мене имаше 100% доверба бидејќи ми беше вистински пријател. Тој својот тестамент го напиша пред 3,4 години и тогаш дознав дека се остава на своите деца и својата сопруга, која ја сакаше најмногу. За нив ништо не му беше тешко“ вели Ѕвонко.

Вели дека Гоца отсекогаш била глава на семејството, па да не била таа Шабан сите пари ќе ги трошел по кафани.

Ќерката на кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ кој трагично загина во сообраќајна несреќа пред два месеца во Германија донесе голема одлука по неговата смрт.

Имено таа цврсто верува дека преку песна полесно ќе се справи со прерано починатиот татко кој до последниот ден од својот живот пееше.

Шабан од секогаш и говореше на неа дека таа како пејачка треба да биде професионалец и дека нејзината работа е да ги забавува другите дури и кога не и е до забава, вели изворот за српски „Ало“.

Изворот додава дека постојат големи шанси Илда набрзо да влезе во студио и да сними песна посветена на својот татко.