Менувачници работеле на диво во чаршија – без дозвола и нерегистрирани

|

Две менувачници во Старата скопска чаршија, на подрачјето на Бит Пазар работеле на диво.

Полицијата, при контролата утврдила дека тие не поседувале никаква документација за регистриран правен субјект ниту Дозвола за менувачко работење од Народната банка.

Против сопствениците на двете менувачници, од Државниот пазарен инспекторат ќе биде изготвен соодветен поднесок, велат од МВР.