Меркел бара построги мерки за празниците

ИЗВОРНов Лист
|

Германската канцеларка Ангела Меркел, за време на дебатата во Бундестагот, повика на воведување поостри мерки за затворање помеѓу Божиќ и Нова година, поради моменталната здравствена ситуација, истовремено бранејќи ја новата рекордна задолженост.

Поради надминување на последиците од моменталната здравствена ситуација, Германија предвидува нов долг за следната година во износ од 180 милијарди евра. Германската канцеларка ја искористи расправата за буџетот за да ги повика граѓаните да продолжат да се придржуваат кон мерките за борба против пандемијата.

„Ние мора да сториме се што можеме за да спречиме експоненцијално зголемување на бројот на новозаразени“, рече Меркел и порача: „Неопходно е драстично да ги намалите контактите во пресрет на Божиќ“.

Во исто време, таа повика на поостри мерки за затворање меѓу Божиќ и Нова година, но и за драстично намалување на контактите веќе следната недела, со цел да се намали можноста од инфекција за време на средбите со роднините за време на Божиќ.