Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека престануваат да важат мерките за алармирање во Тетово, Куманово и Кавадарци, кои беа воведени во саботата кога беше констатирано дека два дена по ред беше регистррана загаденост на воздухот над максимално дозволените вредности.
Во соопштението се наведува: „Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи на ден 30.11., среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175g/m3 на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци и со тоа престануваат да важат препораките и мерките при надминат праг на алармирање“.
Во саботата, со одлука на Владата, повеќе државни и општински органи беа задолжени за спроведување на мерки за заштита на населението во Тетово, Кавадарци и Куманово, каде во два последователни дена беа измерени опасни вредности на загаден воздух.